четврток, 30 март 2017  |  Вести денес: 41

Осуда за ароганцијата на Шилегов – само пратеничките од СДСМ молчат

sobranie500

Поврзани вести

Поголем број на пратенички од различни пратенички групи преку Соопштение до јавноста реагираа по повод вербалниот инцидент кој што се случи вчера на Анкетната комисија за прислушувањето помеѓу претседателот на комисијата Петре Шилегов и пратеничката Владанка Авировиќ.

Во соопштението, Клубот на пратенички од Собранието ги осуди јавните испади на претседателот на Анкетната комисија Петре Шилегов и побара да престане говорот на омраза искажуван од собраниската говорница, како и да престанат личните навреди и омаловажувањата кон колегите пратеници. Забележително и покрај тоа што осуди стигаат од сите страни, кон нив не се приклучи ниту една пратеничка од редовите на СДСМ.

-Деновиве сме сведоци на засилен говор на омраза од собраниската говорница како и искажување на лични навреди , невистини и омаловажувања кон колеги пратеници. Поттикнати од вчерашниот испад на претседателот на анкетната комисија, а со цел надминување на овие ситуации, реагираме со ова соопштение осудувајќи ги сите вакви јавни напади на одредени пратеници. Апелираме во иднина во Собранието на Република Македонија да се практикуваат аргументирани дискусии, а не говор на омраза и упатување навреди, се вели во соопштението.

klub-na-pratnicki.jpg1_-640x420 klun-na-pratenicki2-640x767 klub-na-pratenicki-3-640x639

Кон овој апел за осуда на говорот на омраза и навредувањата кон пратениците, се приклучија пратеничките од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, од редовите на ДУИ, како и независните пратенички во Собранието.

 

Најчитани вести