Осуден е на бесење поради оваа фотографија

Во Иран, каде што социјалните мрежи се строго контролирани и каде што луѓе се апсени поради некои работи што ги објавуваат на нив, еден татко е осуден на смрт со бесење. Сохејл Араби на Фејсбук поставил фотографија на која со ќерка му се допираат со носовите, а осуден е бидејќи таа фотографија се смета како навреда за Мухамед.

Врховниод суд на Иран ја поддржал одлуката на кривичниот суд во Техеран дека Сохејл Араби (30) треба да биде обесен поради фотографијата која ја поставил на Фејсбук.

Кога во август 2013. година Хасан Рухани стана претседател на Иран, иранската разузнавачка служба и службата за безбедност го засилија контролирањето на интернетот, а казните за блогери и оние кои ги користат социјалните мрежи се особено поостри.

За да му се помогне на овој татко, кој само сакал да сподели момент на нежност со својата ќерка, на Фејсбук е направена група за „моментално ослободување на Сохејл Араби“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.