Осуден екстремист кој планирал да ја убие Тереза Меј

Екстремист од Бирмингем, лојален на Исламската држава денеска во Судот во Лондон бил прогласен за виновен за заговор за убиството на премиерот на Велика Британија, Тереза Меј, пренесува АП.

Според наведеното во пресудата, 20-годишниот Наимур Закарија Рахман, роден во Бирмингем, планирал со бомба да ја урне капијата на резиденцијата на премиерката на Даунинг стрит број 10, да ги убие стражарите и потоа да ја нападне Меј со нож или со пиштол.

Рахман беше уапсен во ноември минатата година откако пристигнал по ранец, за кој верувал дека е полн со експлозив и дека го добива од поддржувач на Исламската држава, а всушност разговарал со полицаец на тајно задача.

Обвинителите изјавија дека Рахман планирал да се разнесе во текот на нападот.

Судот дополнително ќе ја одреди висината на затворската казна.