Осуден на доживотен затвор со отворено писмо до министерот за правда и Владата

Бурханедин Нухију од тетовското село Порој е еден од Албанците осуден на доживотен затвор по конфликтот од 2001 година, објави агенцијата новинската агенција на албански јазик INA.

„Бурханедини и неговото досие кое го однесе во затвор го товари него за убиство на еден млад Македонец, веднаш по завршувањето на војната во тетовската населба Дреновец. Но сите сведоци и доставени докази од тоа време пред судот ја потврдуваа невиноста на Бурханедини, но судското тело за да го затвори брзо предметот, го осуди него на доживотен затвор“, пишува агенцијата.

Овој случај со жалби е заглавен во судските инстанци со цел да не се затвори до крај, пишува агенцијата.

„Бурханедини, брат на паднат борец од УЧК и син на почитуван и национален оџа, вели дека не им е традиција да прават вакви кукавички и криминални дела, туку дека случајот му е наметнат, обвинувајќи го него. Имало десетици сведоци кои во судот сведочеле дека Бурханедини денот на убиството бил на сосема друго место, но судот не ги прифатил нив. Некои од сведоците денес се починати, но има и други докази кои неговиот македонски адвокат вели дека неговиот клиент се држи без вина. Бурханедини со носталгија праќа порака по повод ослободувањето на другите затвореници со новата мерка на амнестија, пожелувајќи им здравје и просперитет во животот, пишува INA.

Но тој има и една порака за министерот за правда, Билент Салији, каде што пишува:

„Со оваа порака најпрво сакам да им се обратам на другарите кои се малку кои добија ослободување или или намалување на казната, им ја честитам слободата и намалувањето н казната, ЧЕСТИТКИ. Но имам и една порака за оние кои ја подготвија оваа амнестија и сакам директно да го прашам Министерот за правда, Билент Салији.

Јас Бурханедин Нухију, осуден на даживотен затвор со судски процес од режимот на претходната влада, а воедно и брат на паднат борец, Ве прашувам зошто јас и другарите кои сме осудени на доживотен затвор не сме вклучени во оваа амнестија. Ако сме осудени од суд за кои целата претходна влада просведочи дека немало судови и дека не функционирал врз основа на правдата, но вие со кое право продолжувате по тој пат и давате селективна АМНЕСТИЈА.

И не терате да ја изгубиме надежта за живот како затвореници, а исто така и на нашите семејства, зошто ни го трошите трпението, зошто и трпението има крај. Вие како министер и како Влада му го земавте животот на еден млад човек со доживотен затвор, ИГОР МИЦЕВСКИ. Поради амнестијата се самоуби, можеби сакате и ние другите да го изгубиме трпението и да се случи тоа што до сега се нема случено. Внимавајте затоа што може да се случи тоа што неочекувате, затоа што трпението ни е дојдено до нос“, напиша Бурханедин Нухију.

Неговото семејство и адвокатот бараат „случајот праведно да се суди и да се врати на повторно судење“.