понеделник, 29 мај 2017  |  Вести денес: 40

Осуден педофил се самозапалил и со автомобил удрил во зградата на Основниот суд во Битола

Осуден педофил се самозапалил и со автомобил удрил во зградата на Основниот суд во Битола. Инцидентот се случил околу 3 часот утрово.

pedofilija500

Последни вести

Осуден педофил се самозапалил и со автомобил удрил во зградата на Основниот суд во Битола. Инцидентот се случил околу 3 часот утрово.

Како што информираат од Јавното обвинителство, 67-годишниот битолчанец се полеал со бензин и се самозапалил, па со автомобил во кој имало плинска боца од 10 литри удрил во скалите од зградата на Основниот суд – Битола. Плинската боца не експлодирала.

Судскиот полицаец успеал да го изгасне лицето кое со тешки телесни повреди е пренесено на клиниките во Скопје. На местото на настанот увид извршил надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Битола.

Лицето било осуденик кој денеска требало да започне со издржување казна затвор во траење од 10 години за сторено кривично дело – Полов напад врз дете кое не навршило 14 години.

За понатамошниот тек на постапката јавноста ќе биде дополнително информирана.

Најчитани вести