Осуден поранешниот бугарски министер

Поранешниот министер за внатрешни работи на Бугарија, Цветан Цветанов е осуден на четири години затвор заради тоа што одбил да овозможи легално прислушкување во текот на истрагата водена против еден поранешен висок полициски функционер, пишува пораталот „Aljazeera“.

Цветанов, кој е втор највлијателен политичар во главната опозициона партиаја ГЕРБ, ги отфрла обвинувањата, истакнувајќи да ја спроведе на дело судската одлука за прислушкувањето на поранешниот шеф на регионалната полициска единица за организиран кримина, тврдејќи дека работел во склад со законот.

Обвинителството побарало три години условна казна, но судијата на Окружниот суд во Софија донел одлука за затворска казна за Цветанов, наведувајќи во пресудата дека обвинетиот ја злоупотребил службената положба и ја попречувал истрагата против осомничениот за криминал.

Цветанов, меѓутоа, ќе поднесе жалба на пресудата и ќе остане на слобода додека сите правни можности во постапката не бидат искористени, пренесува Ројтерс.

„Невин сум. Секогаш сум работел на борбата против оргазнизираниот криминал и обновувањето на довербата на европските партнери во Бугариј“, им рекол на новинарите после донесената пресуда.

Цветанов исто така, е оптужан дека намерно дозволил на вработените во своето министерство дала извршуваат кривични дела вршејќи илегално прислушкување на телефоните и злоупотребувајќи ја разузнавачката опрема, навела британската агенција.