Осуден силувач си ги убил родителите, па се самоубил

Oсуден силувач од Лондон, кој штотуку бил пуштен од затвор, ги убил своите родители, по што, најверојатно, се самоубил.

Полицијата засега не дала објаснување за смртта на осомничениот убиец, но потврдено е дека не се трага по друг сторител.

ubistvo2

Семејната драма била откриена, откако било пронајдено мртвото тело на 30-годишниот Ашраф Амран, крај една зграда во лондонскиот кварт Падингтон. Се претпоставува дека на убиството му претходела расправија.

Во 2010 година, Ашраф Амран бил осуден од еден лондонски суд на седум години и два месеци затвор за силување и „сериозен сексуален престап“.

ubistvo1

Од затворот бил пуштен само неколку денови пред да се случи семејната трагедија.