Осудениците од Идризово се вклучуваат во расчистувањето  во погодените реони

Се собираат многумина кои сакаат да помогнат во тешката ситуација по катастрофалното невреме кое го погоди Скопје.

Во акцијата за санирање на последиците од елементарната непогода која го погоди главниот град на Македонија, активно се вклучуваат и штитениците од КПУ Идризово од машкиот и женскиот дел, во соработка со Министерството за труд и социјална политика и oпштината Гази Баба.

Помош за најпогодените места од поплавата стигнува од сите краишта на нашата земја, а помош досега најави и нашиот северен сосед Србија.