Македонија

Осудениот за „Пуч“ се враќа во затвор, кривично ќе одговараат сопругот на Шекеринска и обвинителите од СЈО

Осудениот за „Пуч“ се враќа во затвор, кривично ќе одговараат сопругот на Шекеринска и обвинителите од СЈО

Звонко Костовски, единствениот осуден во случајот „Пуч“ се враќа во затвор за доиздржување на тригодишната затворска казна, откако денес претседателот Ѓорге Иванов донесе одлука за поништување на аболициите на сите преостанати лица.

Со денешното поништување и на преостанатите одлуки за аболиција кривично ќе одговараат сопругот на потпретседателката на СДСМ Радмила Шекеринска и обвинителите од Специјалното јавно обвинителство.

Имено, инженерот на УБК Костовски  призна дека неовластено прислушувал и шпионирал, а за висината на казната се спогоди со Обвинителството. Против него не беше поднесен обвинителен акт, но според измените на Законот за кривична постапка, осомничен може да признае вина и да се спогоди и во тек на истрага.

Костовски признал  на кој начин соработувал со странските служби, како Верушевски ги координирал осомничените, кој бил мета на незаконско следење по налог на поранешниот разузнавач. Во пресудата која медиумите ја добија користејќи го правото на слободен пристап до информации стои дека дека делата на вработениот во МВР кој беше осуден започнале во 2010.

presuda-sitel_1

presuda-2

presuda-4

presuda-3

 

За кривично дело даночно затајување, по поништувањето на аболицијата, ќе одговара и сопругот на Шекеринска, Божидар Jанковски познат како Бобо Дајнерс. Тој во февруари заработи кривична пријава од МВР за даночно затајување и злоупотреба на службената положба и овластувањатаСпоред пријавата на полицијата , во периодот од 1 јануари 2009-та до 31 12 2013-та односно во периодот од 5 години, по основ на закуп на станови, Јанковски и неговата мајка во својство на физички лица закуподавци од една страна и повторно пријавениот од друга страна како одговорно лице во Дајнерс Клуб интернационал мак ДООЕЛ како закупец, склучил повеќе договори за закуп на станбен простор. Поедноставно кажано, Јанковски склучувал договори за закуп самиот со себе.

За тековната 2009та година од јануари до октомври исплаќана е кирија од 2100 евра за стан на улицата Васил Ѓоргов во Скопје. За стан во Охрид пак за месеците ноември и декември е исплатена кирија од 900 евра месечно. Синот како директор на Дајнерс според МВР исплаќал и пари кон мајка си. Од 1ви ноември 2009та до февруари 2013та авансно на 12 ноември 2009та се исплатени кирии во износ од речиси 90 000 евра за стан на булеварот Партизански одреди во Скопје. Вкупно во 2009та се исплатени над 100 000 евра по основ на кирии.

085811sekerinskabobo

Во 2010та гоидна исплаќана е кирија за станб на улица Хаванска по цена од 2500 евра месечно од јули до ноеври а во месец декември закупнината скокнала на 2900 евра. За станот во Охрид Јанковски сам на себе си исплатил кирија од 27.000 евра. Во 2011та исплаќана е закупнина за станот на улица хаванска пои цена од 2900 евра месечно во месеците јануари и февруари. Од март до крајот на годината закупнината драстично се зголемила на дури 5300 евра емсечно. Во текот на оваа година директорот на Дајнерс сам на себе си исплатил 70.000 евра.

Во текот на 2012та за истиот стан исплаќана е закупнина по цена од 5300 евра месечно или на годишно ниво 50.000 евра од Бобо Дајнерс за Божидар Јанковски. Истата математика била направена и во 2013та кога повторно за станот на Хаванска биле исплаќани по 5.300 евра месечна кирија. Вкупно за периодот од 5 години од сметката на дајнерс на сметката на сопругот на радмила Шекеринска биле префрлени нешто под 20 милиони денари или над 300 000 евра.

Во согласност со Законот за дополнување на Законот за помилување, донесов одлука за поништување на одлуките за помилување – ослободување од гонење без спроведување на постапка за сите политички експонирани лица, вкупно дваесет и двајца. Сите други лица, согласно законските измени имаат можност да поднесат лични барања за поништување на нивните одлуки за помилување.

Кривично ќе одговараат и специјалните обвинители Фатиме Фетаи, Лиле Стефанова и кумот на адвокатот на Заев, Филип Медарски- Гаврил Бубевски, за кои исто така е повлечена аболицијата. Инаку, тие беа гонети поради сомнежи дека вршеле притисок врз сведоци.