Осудено лице е директор на клиника!

Стејт департментот во извештајот за човековите права за 2017 година во Република Македонија, нотира и именувања функционери од новата влада.

Во земјата постои активен систем што овозможува партиите да им даваат посебни бенефиции и предности на своите членови. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја обвини владата за продолжување на тие практики, наведувајќи дека не се следат образовните и професионалните квалификации пропишани со закон за позиции во јавната администрација, се вели во извештајот.

Во извештајот се наведува дека, на 6 јули членот на ИК на СДСМ, Спасе Глигоров беше назначен да ја предводи непартиската Агенција за администрација.

 Именувањето на Иван Барбов за в.д. директор на Универзитетската клиника за неврологија во Скопје, исто така, беше контроверзно. Барбов беше осуден и доби условна казна во 2012 година за учество во група која им наплаќа на пациентите за нелегални документи за инвалидска пензија. Меѓутоа, повеќе извори тврдат дека некои обвинети во случајот биле предмет на политички мотивирани обвиненија од страна на поранешната влада на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во извештајот.

Правните аналитичари забележаа дека во некои случаи за лица од висок профил, ако постои ризик од ослободување поради слаби или недоволни докази, судиите ќе издадат пресуди за вина со условни казни. Ова, наводно, било направено за да се избегне негативен публицитет и да се спречат обвинетите да тужат за штети што произлегуваат од неправедни случаи на притвор.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.