сабота, 27 мај 2017  |  Вести денес: 0

Осум бегалци влегле во ЕУ со исти пасоши како бомбашот од Париз

Осум бегалци влегле во ЕУ со исти пасоши како бомбашот од Париз. Како што јавуваат странските медиуми, вкупно осум мигранти влегле во ЕУ со сириски пасоши во кои се впишани идентични податоци со оние во пасошот што беше најден кај бомбашот од Париз.

pasosh-terorist

Поврзани вести

Осум бегалци влегле во ЕУ со исти пасоши како бомбашот од Париз. Како што јавуваат странските медиуми, вкупно осум мигранти влегле во ЕУ со сириски пасоши во кои се впишани идентични податоци со оние во пасошот што беше најден кај бомбашот од Париз.

Како што претходно беше потврдено, џихадистот што се разнесе во Париз, на 3-ти октомври побарал азил во Грција, со сириски пасош на име Ахмад Алмохамед.

Српските власти потврдија дека уапсиле човек кој се обидел да влезе со пасош со исто име, дата на раѓање и место на раѓање и тврдат дека уште шест други лица влегле во ЕУ со значително слични документи.

Во ЕУ постои страв дека џихадистите на ИС кои планираат напади низ Европа во моментов без проблем се движат низ Унијата користејќи ја Шенген зоната.

Инаку, отпечатоците од пртите на бомбашот што се разнесе во близина на Стад де Франс во петокот се совпаѓаат со отпечатоците на човекот што влегол во Грција во октомври. Подоцна истиот пасош бил забележан на преминот Прешево, на српско-македонскатa граница.

Француските власти претпоставуваат дека документите најдени во Париз најверојатно му припаѓале на сириски војник што бил убиен пред неколку месеци.

Најчитани вести