Осум деца пронајдени мртви во Квинсленд

Осум деца се пронајдени мртви во куќа во австралиската држава Квинсленд, јавија локални медиуми.

Децата се пронајдени во куќа во градот Керн денеска откако полицијата била информирана за жена со сериозни рани. Кога полицијата пристигнала во домот, пронајдени се тела на децата на возраст од 18 месеци до 15 години.

Полицијата засега не располага со детални информации за убиството на децата.