среда, 26 јули 2017  |  Вести денес: 50

Осум диетални намирници

zelencuk-1

Последни вести

Секој зеленчук помага во согорувањетo на калориите и на тој начин го олеснува слабеењето.

Покрај тоа, зеленчукот е богат со влакна, што значи дека подолго ќе ве држи сити, а на организмот му ја дава и потребната количина витамини и минерали кои, исто така, помагаат во брзото губење на килограми. Задолжително во исхрана вклучете барем некои од овие осум здрави зеленчуци.

Спанаќ

Една чаша спанаќ содржи само 10 калории и 0.7 грама влакна, а тие го подобруваат варењето и подолго време ќе ве држат сити. Спанаќот е богат со калиум, манган, цинк, магнезиум, железо, калциум и витамин К, а може да се јаде и свеж во салати, или, пак, лесно зготвен.

Домат

Доматот е зеленчук што заситува, а е богат со фолна киселина и витамин Б кои помагаат во апсорбирање на протеините од храната што ја внесуваме во организмот. Како и многу други зеленчуци, содржи малку калории, а е богат со влакна.

Брокулa

Половина чаша варена брокула содржи само 25 калории, а овој зеленчук е богат со лутеин и каротеноиди кои го чуваат здравјето на очите. Брокулите се идеални за слабеење бидејќи не содржат масти, а изобилуваат со јаглени хидрати кои бавно се ослободуваат и на тој начин го подигнуваат нивото на енергија.

Морков

Една чинија моркови содржи околу 25 калории и 2 грама влакна. Морковот е идеален зеленчук богат со влакна, може да се јаде свеж и лесно ќе ве најаде, а бета каротенот е добар за видот.

Пиперка

Ги има во различни форми, бои и вкусови, но сите видови на пиперка содржат многу малку калории и се богати со влакна. Тие се одличен извор на витамин Ц кој е значаен за правилна работа на имунолошкиот систем.

Репка

Репката помага во намалување на нивото на холестерол, а овој коренест зеленчук е и силен антиоксиданс кој го смалува ризикот од оксидативниот стрес во клетките и помага при детоксикација. За да се задржат вкусот и хранливата вредност на овој зеленчук, најдобро е да се приготвува на пареа.

Краставица

Краставицата е зеленчук богат со вода, а истовремено има малку калории. Содржи витамини А и Ц, фолна киселина, магнезиум, калиум и влакна кои помагаат при слабеење. Одлична е за здрава кожа, ги смирува воспаленијата, ги намалува темните кругови околу очите и хидрира.

Целер

Со оглед на тоа што содржи многу малку калории, целерот е зеленчук кој, исто така, помага при губењето на вишокот килограми. Може да се јаде свеж, а богат е со протеини и влакна.

Најчитани вести