Осум години затвор за Ѓорѓи Топаловски

Ѓорѓи Топаловски, обвинетиот за двојното убиство што се случи пред седум години во близина на Зоолошката градина во Скопје, е осуден на осум години затвор, односно по четири ипол години за секоја од жртвите.

Пресудата била соопштена без присуство на обвинетиот и неговиот бранител бидејќи Топаловски не бил спроведен од затворот.

Оштетените во овој случај судијата ги упати во Граѓанскиот суд каде што обвинетиот треба да ги сноси сите трошоци во постапката.

Топаловски е осуден за кривичното дело „убиство во миг“, а според судијата убиството го сторил во афектна состојба која што ја предизвикале жртвите.

Притворот му е продолжен сè до правосилноста на пресудата.