Осум години затвор за оној кој и продал лекови на Ивана?

Иако тврди дека не ѝ го продал на Ивана лекот од кој умрела, медицинскиот работник од “ВМА” паднал на детекторот за лаги. Лично со автомобил пристигнал по несреќната девојка во хотел “Хајат”, ја одвел на Военомедицинската академија, а потоа ја вратил во хотелот.

Медицинскиот техничар од “ВМА” е главен осомничен во истрагата за мистериозната смрт на 31-годишната Ивана Бакиќ Бодрожиќ, која на 11. декември била пронајдена мртва во соба 326, во белградскиот хотел “Хајат”.

Полицијата се сомнева дека тој медицински техничар, во автомобилот, за 100 евра на Ивана ѝ продал ампули од опасниот анестетик “пропофол”, кој Ивана истата вечер го консумирала преку вена.

Осомничениот здравствен работник бил испрашан на детектор за лаги и паднал на прашањата за “пропофолот”.

Медицинскиот техничар евентуално би можел да биде обвинет за неовластена продажба на опасни материјали со смртен исход, што е дело за кое е предвидена максимална казна од 8 години затвор.

“Затоа вчера беше ослободен, бидејќи немавме зашто да го држиме во притвор”, објаснил изворот.

Непроверените информации ја нарушуваат истрагата

Професорот др. Слободан Савиќ од Институтот за судска медицина рекол дека е неточна информацијата дека Военомедицинската академија е единствената установа која е во состојба да извршува токсиколошки обдукциски наоди.

“Со сета почит кон колегите од ВМА, но приказните кои кружат во медиумите дека ние не се занимаваме со овој случај поради неговата сложеност, се потполни неточни”, вели професор Савиќ за еден белградски дневник, пренесува Alo.rs.

“Институтот поседува референта лабораторија која е една од најсовремените за истражување на психоактивни супстанци, па нема збор за тоа дека ние не можеме да работиме на овој случај”, додал тој.

За работата да биде уште почудна, било наложено дека “ВМА” работи на обдукцијата, иако постоеле сомненија дека нивните вработени се вмешани во целиот случај.

“Од самиот почеток работите тргнаа наопаку. Во медиумите почнаа да се појавуваат непроверени теории за обдукцијата, а потоа и целосно неточни информации. Поради тоа не ми е јасно како некој може да излегува со претпоставки, а притоа да не се собрани сите информации. Обдукцијата се врши по налог на обвинителството и само обвинителството може да даде релевантни информации за медиумите. Сè друго е нарушување на тајноста на истрагата”, тврди Савиќ и додава дека за токсиколошки резултати како овој, често се чека и по еден месец.