Осум години затвор за водителот Милан Калиниќ?

Актерот и водителот на „Ѕвездите на Пинк“, Милан Калиниќ викендов предизвикал сообраќајна несреќа во која потешко се повредени две лица.

Наводно водителот тргнал со автомобил на Копаоник, но поради временските неприлики загубил контрола над возилото и скршнал во спротивната трака и директно се судрил со друго возило. Во другиот автомобил имало четири патници, а двајца кои биле со потешки повреди се итно префрлени во болницата во Ужице.

На водителот по законот му се заканува казна до осум години затвор поради нанесување на телесни повреди и голема имотна штета.

Инаку Калиниќ и во 2013 година предизвикал сообраќајка во која е повредено едно лице.