Осум компании во вториот круг за делумна приватизација на солунското пристаниште

Грчкиот фонд за развој на имот соопшти дека во втората фаза на меѓународниот тендер за купување на 67 отсто од капиталот на Солунското пристаниште влегле осум кандидати.

Првата фаза на тендерот ја поминаа: „АПМ Терминалс Б.В.“, „Дојче Инвест Екуити Партнерс ГмБХ“, „Дуферко Партисипејшн Холдонг“, „Интернешнл Контејнер Терминал Сервисес, Инк“, „Митсуи енд Ко, Лтд“, „П енд О Стим Навигејшн Компани (ДП Ворлд)“, „Руски Железници ЈСЦ/ГЕК ТЕРНА С.А.“ и „Јилпорт Холдинг, Инк“.

„Овие кандидати ќе добијат пристап до детални податоци за Солунското пристаниште и детали за тендерот“, соопшти Фондот.