Осум „комплекси” за кои мажите најчесто лажат

Речиси не постои жена која не се бори барем со еден комплекс кој ѝ е главна преокупација, но ниту мажите не се ослободени од овој товар. Дознајте од што се срамат мажите и за што најчесто лажат.

1. За годините

И додека во тинејџерските години за да освојат девојки лажат дека се барем пет години постари од она што навистина се, со текот на годините ситуацијата почнува да се менува, а четириесеттите полека, но сигурно стануваат триесетти.

2. За висината

Еден од најголемите машки комплекси е всушност висината. Мажите од понизок раст често се чувствуваат несигурно покрај убавици во вртоглави високи потпетици, па ако и вашиот маж е приближно до вашата висина, не претерувајте со потпетиците.

3. За приходите

Автомобили и пари се сон на речиси секој маж. Во денешно време кога надворешноста е попривлечна од вистинската внатрешна убавина, тешко е да се остане прибран. Токму поради тоа, мажите се чувствуваат помоќно ако во одреден момент споменат дека се финансиски добро ситуирани.


4. За козметика и нега

Иако козметиката е женска област, се` повеќе мажи ги откриваат магиите на мазна, сјајна и миризлива кожа. Иако нема да ви откријат, но повеќето мажи сакаат да ги испробаат производите за нега на лицето, телото и коаста.

5. За бројот на килограми

Тежината секако е нешто за кое не сакаат да зборуваат повеќето жени, а ако е тоа потребно, без никаква грижа на совеста ќе изговорат лага за тоа. Слично е и со мажите, но и во двата правци. Истражувањата покажале дека 60% од мажите ќе одземат, а 40% ќе додадат килограми, зависи од комплексот на слабост или дебелина.

6. За сексуалната активност

Сексуалната моќ е силно оружје, особено за време на машките разговори. Токму поради тоа, често во таквите приказни се кажува и по некоја лага. Лагите за големата сексуална активност особено е присутна кај слободните мажи кои меѓусебно се натпреваруваат.


7. За големината на гениталиите

Оваа област навистина нема потреба да се објаснува, затоа што од памтивек големината на гениталиите била доказ за машкоста. Иако големината не гарантира квалитет, што можат да потврдат многу жени, нема да влегуваме во детали затоа што што и да речеме, тие ќе го тврдат спротивното.

8. За мастурбацијата

Што и да мислите за вашиот партнер, мора да бидете свесни дека 99% од мажите редовно мастурбираат. Ако тоа не ви се допаѓа, подобро ништо не прашувајте.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.