понеделник, 29 мај 2017  |  Вести денес: 48

Осум лица, меѓу кои и три деца, загинаа во пожар во Русија

133110739

Последни вести

Осум лица, вклучувајќи и три деца, загинаа во пожар во дрвена куќа во село во Сибир, соопштија денеска руските власти.

Несреќата се случила синоќа во селото Молтшаново, на околу 200 километри од градот Томск, во југозападен Сибир.

– Пронајдени се седум тела: три жени, двајца мажи и две деца. Уште едно дете почина подоцна в болница, се наведува во соопштението на сибирскиот Истражен комитет.

Како што јави ТАСС, причината за пожарот се уште не е позната.

Најчитани вести