Осум лица за загинаа во пожар во Јоханесбург

Вкупно 17 рудари се заробени длабоко под земја, во еден рудник за злато во Јоханесбург, откако во рудникот избувна пожар. Досега спасувачи извадија тела на осум луѓе.

Инцидентот се случи доцна синоќа, на длабочина од 1.700 метри. Претставник на рудникот „Дорнкоп“, кој е во сопственост на рударската компанија „Хармони Голд“ изјави денеска дека спасувачките екипи успеале да воспостават комуникација со осумина од затрупаните рудари.

Спасувачките тимови се во потрага по уште еден рудар.

Тоа е најголем инцидент во рудник во Јужна Африка откако деветмина рудари загинаа при уривање на скала во рудник за платина во јули 2009 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.