Осум лица загинаа во несреќа на воен хеликоптер во Романија

Воен хеликоптер со десет патници се урна утрово во шумската област во централниот романската област Сибиу, соопштија романските медиуми, објави МИА.

Медицински извори информираа дека осум лица загинале, а двајца се повредени и се наоѓаат во многу тешка состојба.

Информацијата беше потрвдена и од Инспекоторатот за вонредни состојби во областа Сибиу, кој прецизираа дека двете повредени лица се здобиле со тешки изгореници и веднаш се хоспитализирани.

Романскиот министер за одбрана Мирча Душа рече дека веднаш по несреќата испратил технички тим, кој ќе ги истражува причините за инцидентот, прецизирајќи дека видливоста во реонот била намелена.

Вицепремиерот задолжен за национална безбедност Габриел Опреа веднаш се упатил со криминалистички тим кон местото на инцидентот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.