Осум лица загинаа во семејна трагедија во куќа во Мериленд

Осум лица, од кои седум деца се пронајдени мртви во куќа во американската сојузна држава Мериленд.

Полицајците од местотот Принсес Ен во Мериленд изјавија дека сите лица, кои се пронајдени мртви биле роднини, како и дека засега нема индиции дека станува збор за насилство.

Локалните медиуми јавуваат дека станува збор за труење со јаглерод моноксид.

Полицијата пристигна во куќата во која се пронајдени телата, по дојавата на еден колега на возрасната личност, која е пронајдена мртва.

Полицијата соопшти дека пронајдените деца биле на возраст од шест до 16 години.