Крими хроника

Сообраќаен билтен Скопје Осум луѓе повредени во 11 сообраќајки во Скопје

Осум луѓе повредени во 11 сообраќајки во Скопје

Еден пешак се здобил со тешки, a седум со лесни телесни повреди во шест од 11 сообраќајни незгоди што изминатото деноноќие се случиле на подрачјето на СВР Скопје.

Сообраќајната полиција во изминатите 24 часа санкционирала 63 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената, а од сообраќај биле исклучени 13 возачи,

Според полицискиот извештај, од сообраќај бил исклучен еден возач кој управувал возило под дејство на алкохол, 11 кои управувале возило пред да се стекнат со правото на возачка дозвола, еден почетник и 13 нерегистрирани возила.

Непрописно биле паркирани 61 возила, а пајак службата подигнала 59 моторни возила.

Санкциониран бил и еден пешак кој поминал коловоз вон пешачкиот премин, како и четворица возачи кои поминале на крстосница на црвено светло, тројца возачи за неправилно престројување и единаесет за некористење заштитен шлем.