Груевски ќе се обрати на годишната конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ

Во Универзалната сала во Скопје денеска во 13:00 часот, ќе се одржи 15-та Годишна конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.

На Годишна конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ свое обраќање ќе имаат претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и претседателот на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова.