Осум нешта кои на мажите им се особено привлечни

Секогаш ќе постојат мажи кои ќе се интересираат само за згодните девојки, без разлика на тоа колку се самоуверени, помалку несмасни и површни. Секако дека не се сите згодни девојки површни, но со текот на годините изгледот бледнее и некои други работи почнуваат да добиваат вредност.

Смисла за хумор

Секако дека не треба да бидете вистински комичар, но многу малку нешта се поатрактивни од острата смисла за хумор која може да ве насмее до солзи.

Страст

Кога жената има работа, хоби или било каква друга активност околу која е ангажирана или страствена, тоа на мажите им дава можност да споделуваат идеи, да научат нешто ново или ги инспирира.

Одлучност

Ако сте одлучна тоа значи дека сте самоуверена. А тоа е секси.

Заоблено стомаче

Ова звучи чудно затоа што голем број жени се трудат да имаат рамен стомак, но за мажите облините се навистина атрактивни. Тие сакаат жени што се „меки на допир“. Ниту еден маж не сака жена која има подобри стомачни мускули од неговите.

Пијани повици

Пијаните повици по излегувањето со другарките во кои им говорите за тоа колку ви недостигаат, за мажите се мошне атрактивни. Дури и за оние што тоа никогаш не би го признале. Сите сакаат внимание, па затоа ниту мажите не се имуни на комплименти.

Кога не е премногу повлечена и знае да се напие пиво

Кога го пиете она што го сакате и не ве интересира што ќе мислат луѓето за тоа, на мажите им покажува дека сте доволно сигурни во себе. Навистина е кул кога мажот може да испие пиво со својата девојка.

Долна облека која не е во согласност

Кога жената носи долна облека која не е во согласнот, тоа за нив се најубави мигови. Тоа им дава назнака за тоа каква е реалната состојба секој ден и што би можеле да очекуваат. Секоја жена знае да облече секси долна облека за својот партнер, но без разлика на тоа колку и да им се допаѓа тоа, мажите сакаат да знаат што може да очекуваат под облеката секој ден.

Широки тренерки или пиџами

Секако дека мажите сакаат хеланки, здолништа и тесни фармерки, но опуштената облека дома може исто така да биде секси. Тоа покажува дека сте опуштени во негово присуство, што за него е навистина привлечно.