Осум “парчиња” за Депортиво Ла Коруња

Реал Мадрид го декласираше тимот на Депортиво Ла Коруња со 8:2 и тоа на гости, на стадионот „Риазор“.

Ланскиот второлигаш имаше огнено крштевање на свој терен во елитното друштво, и иако до 30 минута од натпреварот немаше голови, на полувреме гостите од Мадрид заминаа со предност од 0:3.

На почетокот на вториот дел домаќините вратија еден гол од пенал, но „кралскиот клуб“ ја имаше целосната контрола на теренот и по голеадата натпреварот заврши со конечни 8:2.

Хет-тик постигна Кристијано Роналдо, по два погодоци постигнаа Герет Бејл и Хавиер Хернандез – Чичарито, а еднаш во листата на стрелците се запиша и Хамес Родригез.