Македонија,Крими хроника

Осум пешаци и 13 возачи казнети во изминатите 24 часа

Осум пешаци и 13 возачи казнети во изминатите 24 часа

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција, во Скопје откриени и санкционирани се четворица возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, седум возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, двајца возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците и осум пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин или, пак, поминале на црвено светло на семафорот за пешаци.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на овие два дена од страна на сообраќајната полиција отстранети се 47 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.