Осум повредени во собраќајки низ Скопје

повредени

Како што информира СВР, сообраќајната полиција санкционирала двајца возачи кои возеле под дејство на алкохол, тројца возачи кои поминале на црвено светло, како и шест возачи кои го управувале возилото без возачка дозвола или пак возилото било нерегистрирано. Затекнати се и 53 непрописно паркирани возила.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на вчерашниот ден отстранети се 67 возила кои во поголема мера го попречувале нормалното одвивање на пешачкиот и моторниот сообраќај.

Во рамки на проектот „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ денеска Одделението за превенција при СВР Скопје ќе реализира едукативни работилници во ООУ „Браќа Миладиновци“ со учениците од второ одделение.

За утре со почеток во 17:30 часот во Спортскиот центар „Јане Сандански“ е најавен ракометен натпревар меѓу ЖРК Вардар и Астраханочка од Русија во рамки на Лигата на шампионите поради што ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување, а во зависност од моменталните состојби можно е и пренасочување на сообраќајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.