Осум работи кои мажот не ги поднесува кај вашата мајка

Роднинските врски се често една многу комплицирана работа за која воопшто немате поим што е, пред да основате сопствено семејство.

А, тука секако се познатите односи снаа-свекрва и зет-тешта.

Она што вашиот сопруг во никој случај не сака да го чуе се хумористични забелешките на вашата мајка на сметка на неговиот изглед.

Ова се останатите работи со кои вашата мајка успева да го извади од такт:

1. „Суптилните“ начини на кои за време на семејните ручеци се обидува да дознае дали планира да стапите во брак за брзо време.

2. „Слатките мали нешта“ за домот кои постојано ви ги подарува, како украсите од вештачко цвеќе.

3. Нејзиното куче (што повеќе личи на агресивна верверица), кој лае како лудо по него секој пат кога таа доаѓа во посета.

4. Приказната за тоа како кога мажите биле многу поголеми џентлемени од тоа што се денес (сè уште не му простила што последниот пат кога била кај вас не ја однел дома, туку ѝ платил такси, „а кој знае каков манијак би можел да биде зад воланот“).

5. Коментари на сметка на неговото повремено излегување со другарите. „Јас не би му дозволила да шета, мила, но ти си предобра“ и слични коментар.

6. Нејзините секојдневни телефонски повици. Тој не може да разбере што имате ново секој ден да си кажете.

7. Духовитите забелешки на негова сметка: „Да можеа мажите да забременат, ќе бев сигурна дека конечно ќе станам баба.“

8. Споредба со успешниот син на соседот кој е директор на фирма и вози скап автомобил (и кој никогаш не го прежалила како суден зет). „Го купи тој автомобил? Не е лош. Ама да го видиш новиот автомобил на Марко, прекрасен е“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.