Осум сообраќајки вчера во Скопје, тешко повреден мотоциклист

мотоциклист

Како што информираат од СВР Скопје, сообраќајната полиција санкционирала 11 возачи  за брзина поголема од дозволената, двајца кои поминале на црвено сметло на семафор,   седум при возење користеле мобилен телефон, десет биле без возачка дозвола односно со нерегистрирани возила, а 29 за непрописно паркирање возила.

Вработените во МЗТ Леарница АД Скопје денеска со почеток  во 12 часот ќе оддржат протест пред Собранието и пред Владата  на бул. „Илинден“ и пред други објекти во централното градско подрачје.

Утре  во 17:30 мин во спортскиот центар „Јане Сандански“ во рамки на  Лигата  на шампионите ќе се одигра маѓународен ракометен   натпревар помеѓу ракометниот  клуб „Вардар“  и „Рајнекен левен“ од Германија. Натпревар во Лигата на шампиони е најавен и за задутре со почеток во 17:30 часот во спортскиот центар „Борис Трајковски“  помеѓу РК „Металург“  и РК „Татран Прешов“.

Со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот СВР Скопје најавува дека ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување, а доколку има потреба сообраќајот може да биде пренасочен.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.