Осум сообраќајки вчера во Скопје

Осум сообраќајки се случиле во текот на вчерашниот ден на подрачјето на град Скопје. Од нив пет е со последица материјална штета, а три со последица полесни телесни повреди на шест лица.

Во текот на изминатите 24 часа по спроведените контроли, информира за МИА самостојниот инспектор воп СВР – Скопје Драган Вељаноски, откриени и санкционирани се поголем број прекршоци.

Санкционирани се 10 возачи кои со возилата се движеле со брзина поголема од дозволената, четири возачи се исклучени од сообраќај поради тоа што ги управувале своите возила под дејство на алкохол, шест не ги почитувале светлосно сигналните уреди (семафори), додека седум возачи ги управувале своите возила без возачка дозвола односно нерегистрирани и регистрирани се 17 непрописно паркирани возила.

Санкционирани се и тројца возачи на велосипеди со мотор мопеди и мотоцикли кои за време на возењето на пат не го носеле заштитниот шлем на глава.

Со помош на специјалното возило „пајак“’ во текот на изминатиот ден отстранети се 72 возила.

Во рамки на проектот „Сообраќајна култура на децата во предучилишните установи“ денеска Одделението за превенција при СВР Скопје ќе реализира едукативни работилници во Детската Градинка „Синоличка“ објект „Лале“, кои се наоѓаат на подрачјето на општина Аеродром.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.