Осум сообраќајки за 24 часа во Скопје

Осум сообраќајки се случиле во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Скопје. Во етири од нив е причинета материјална штета, а во четири учесниците се здобиле со телесни повреди.

Притоа со полесни повреди се здобиле еден возач на патничко возило, еден сопатник, еден пешак и двајца возачи на мопед.

За денес нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

Во сабота, со почеток во 20 часот и 15 минути, во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во рамките на Лигата на шампионите ќе се одигра меѓународен ракометен натпревар помеѓу РК Вардар и Ѓер, Унгарија. Со цел непречено и безбедно одвивање на оваа спортска манифестација од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување, а во зависност од моменталните состојби и пренасочување на сообраќајот.