Македонија

Осум сообраќајки во главниот град, двајца со тешки повреди

Осум сообраќајки во главниот град, двајца со тешки повреди

Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден извршила увид на осум сообраќајни незгоди на подрачјето на Град Скопје.

Од нив, една е со последица материјална штета и пет се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко моторно возило, еден сопатник, двајца пешаци и еден возач на мопед.

Случени се и две незгоди со последица тешка телесна повреда во кои со тешки телесни повреди се здобиле еден пешак и еден патник во автобус.

Во текот на изминатиот ден сообраќајната полиција санкционира 24 возачи кои не го користеле безбедносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување со возилото, односно непрописно се престроиле пред крстосница, 10 возачи не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, поминале на црвено светло на семафорите, односно го управувале возилото под дејство на алкохол, шест пешаци поминале вон обележан пешачки премин, како и девет возачи на велосипед со мотор, мопед и мотоцикл кои сториле прекршоци по разни основи.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција отстранети се 48 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје денеска ќе одржи едукативни работилници во ОУ „Алија Авдулиќ“ со учениците од второ и четврто одделение.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.