Осум сообраќајки во Скопје за еден ден

Осум сообраќајки се случиле вчера во Скопје, а во една од нив е повреден пешак.

Сообраќајната полиција во изминатте 24 часа санкционирала 26 возачи коишто не го почитувале ограничувањето на брзината на движење со возилото, 11 кои не користеле безбедносен појас или зборувале на мобилен телефон при возење, девет возачи не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците, како и 16 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин или, пак, поминале на црвено светло на семафорите за пешаци.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на изминатиот ден од страна на сообраќајната полиција отстранети се 83 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

За денеска не се најавени вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.