среда, 24 мај 2017  |  Вести денес: 55

Осум тајни за успехот на моќните жени и не се клишеа

Мора да признаеме дека немаме баш често прилика на едно место да слушнеме совети од еден сенатор, уредникот на Тајм магазинот, поранешните извршни директори и текстописци на мегапопуларните песни како „Let it go“ и „Frozen“.

Поврзани вести

Мора да признаеме дека немаме баш често прилика на едно место да слушнеме совети од еден сенатор, уредникот на Тајм магазинот, поранешните извршни директори и текстописци на мегапопуларните песни како „Let it go“ и „Frozen“.

Сепак тимот на најпознатиот онлајн портал Хафингтон пост присуствуваше на еден таков настан кон крајот на минатата година каде на едно место се собраа осум успешни жени кои со учесничките ја поделија приказната за нивната кариера.

На настанот на магазинот Тајм и веб страната Риал Симпл на една маса се најдоа Ненси Гибс (уредничката на Тајм магазин), Кристен Гилибранд (сенаторка), Кристин ван Огторп (уредничкјата на веб страната Риал Симпл), Кристен Андерсон – Лопез (текстописец), Тамрон Хал (новинарка на мрежата Ен Би Си) и поранешната извршна директорка на компанијата WWE, Линда Мекмахон.

Еве осум лекзии за успехот од текстот на тимот на Хафингтон Пост:

Приказната дека не сте целосни ако немате успешна кариера и семеен живот никому не му помогнала!

Ова треба да се имплицира како резултат на тврдењето дека жените што остануваат во домот живеат некој половичен, нецелосен живот. А тоа веднаш условува да се формираат таборите на „домаќинки“ и „кариеристки“, што меѓусебно не се поднесуваат. Она што треба да говориме не е дека „сето тоа ни е потребно“ туку „како да имате се’“. Затоа што неможете да имате еднакво успешна кариера и приватен живот. Се е до организацијата, волјата и поддршката од најблиските – Кирстен Гилибранд.

Грешките се дел од процесот…

Пред финалната верзија на песната „Frozen“ најмалку седум пати го менував текстот. Делот „Do you want to make a snowman“ во еден миг беше во песната, а во друг не… Потоа, кога песната ја снимивме за прв пат, просто не звучеше како што треба… Но важно е да не се откажувате и да учите на грешките што никако не смеете да ги гледате како некоја препрека што нема да можете да ја преминете или како нешто лошо. Грешките се дел од успехот. Колку побрзо го научите ова, побрзо ќе успеете – Кристен Андерсон Лопез.

… И обично токму грешките водат до успешен краен резултат!

Се што мислев дека сакам а не успевав никако да го остварам, подоцна низ одредени ситуации стана стварност, за да ми покаже дека со причина сум остварила нешто друго. Нешто многу подобро. Затоа што не значи дека она што го посакувате на крајот ќе ве задоволи – Тамрон Хил.

Соништата се фантастични, но делата се сметаат…

Често ме прашуваа дали некогаш сум претчувствувала или сум сонувала дека ќе бидам на ова место каде што сум сега! И мојот одговор е не! И тоа само затоа што бев презафатена со градењето на сопствената кариера. Соништата се ОК, но морате да работите многу за да успеете… Чекор по чекор – Линда Мекмахон.

Пронајдете ментор и бидете им ментор на другите

Секогаш е важно да имате една личност што ќе може во вистинскиот миг да ви го даде вистинскиот совет, но ако неможете да пронајдете некој, тогаш потрудете се да бидете сами кормило, што секогаш ќе го знае правецот и конечната цел – Кристен Гилибранд.

Престанете да бидете опседнати со она што го немате!

Кога ќе се сетам на мојата рана младост, кога имав 20 години, сфаќам колку сум била опседната со успехот. Знаев да го нарекувам моја карта за рај, за конечно да излезам од зачмаеноста. Исто така мислев дека морам да работам по неколку работи за да бидам успешна. Поради тоа бев прилично под стрес, тензија и хаос. Доколку успехот го врзувате за среќата, за нешто без што нема да можете да функционирате, никогаш нема да успеете затоа што ќе бидете опкружени со анксиозност и негативна енергија – Кирстен Андерсон Лопез.

Верувајте дека сте посебни, но немојте да се однесувате како кретен поради тоа

ОК, можете да бидете математички гениј, експерт за програмирање, вонсериски дизајнер и вокал со раскошен глас, но никако не смеете да мислите дека сте над сругите. Од друга страна мислам дека е ОК родителите да ви говорат дека сте посебни. Па вие сте нивно дете и тие веруваат во вас, а вам ви е потребен поттик и поддршка од најблиските. Притоа, ќе се сретнете со толпа луѓе што ќе ви речат дека не сте такви… Животот е суров и тоа секој го сфаќа во одреден период од својот живот. Фала богу па некој ми рекол дека сум посена затоа што немате претстава како ме нарекуваат на Твитер – Тамрон Хил.

Жените мора повеќе да соработуваат, комуницираат, да делат совети. Тоа е навистина важно!

Кога во Конгресот би имале 51 отсто жени пратеници, не би губеле толку многу време и нерви во дискусијата за прашањата за достапноста на контрацепцијата – Кирстен Гилибранд.

Најчитани вести