Осум загинати во поплавите во Тајланд

Во поплавите што го зафатија јужниот дел на Тајланд загинаа најмалку осум лица, а двајца се водат за исчезнати.

Обилни дождови зафатија околу 1.425 села во четири најужни провинции, соопшти Одделението за спречување и справување со катастрофи.

– Гувернери на одделни провинции побараа итна помош и од армијата, која се вклучи во операциите, изјави портпарол на Оперативната команда за внатрешна безбедност.