Осум земјотреси ја потресоа БиХ

Осум зејотреси ја погодиле Босна и Херцеговина рано утринава, а најголемиот од нив се случил кај местото Саница. Останатите потреси биле во регионот Бисанска краина.

– Рано утринава регистриравме осум земјотреси. Сеуште ги обработуваме податоци. Готови се само за главниот потрес, а многу скоро ќе бидат и останатите. Најсилниот земјотрес се случи во регионот Кључ на подрачјето Саница, а неговата јачина беше 3,8 степени според Рихтеровата скала, а проценетиот интензитет во самата епицентрална зона изнесуваше од 5 до 6 степени според Меркалиевата скала, соопштиле надлените од Хидрометеоролошкиот завод на Рапублика Српска, јавуваат тамошните медиуми, пренесува Нетпрес.

Оттаму дополниле дека граѓаните ги почуствувале потресите, но дека немало никакви материјални штети.