Осум жени починаа по масовна стерилизација во Индија

Осум жени починаа и десетина се во критична состојба во болница во сојузната индиска држва Чатисгар по спроведување на државна програма за масовна стерилизација.

Повеќето од над 80 жени кои се подложени на стерилизација во владин здравствен камп во дистриктот Биласпур набрзо почнале да повраќаат, да им паѓа пулсот, и да чувствуваат други компликации по интервенцијата.

Властите ќе спроведат истрага за причините за смртта на жените, изјави локален полициски комесар.

Стерилизацијата ја извршил еден лекар и негов помошник.

Локалните влади во Индија често нудат разновидни поволности како што се автомобили или електрични уреди на двојки кои доброволно ќе се подложат на стерилизација, со цел контрола на раѓањето во таа држава со над милијарда жители.