Осумдесет бизнисмени уапсени во Турција

Осумдесет бизнисмени се уапсени денеска во Турција во рамки на истрагата против поддржувачите на исламскиот проповедник Фетула Ѓулен, жесток непријател на претседателот Рецеп Тип Ердоган.

Полициската акција е фокусирана на централниот турски град Конија, но се спроведува и во над други 10 окрузи, наведуваат турски медиуми.

Меѓу приведените има и еден поранешен шеф на полицијата.