Осумдесет години затвор за обвинетите во „Керозин“

Шестнаесетте обвинети во случајот “Керозин”  се осудени на над 80 години затвор поради злоупотреби со нафта со која биле снабдувани повеќе државни институции.

Највисока затворска казна во траење од 12 години доби првообвинетиот Ангел Пецов (59), а за него е изречена и парична казна од 5.000 евра. Неговата сопруга Мариче Пецова доби една година помалку и исто така е осудена и на парична казна од 4.000 евра. Третообвинетиот, нивниот син Љупчо Пецов судот го осуди на девет години затвор.

Преку неготинската фирма “Алма комерц” групата точела помало количество нафта отколку договореното со повеќе државни институции, пред се општини и училишта со што го оштетиле буџетот за речиси 2,5 милиони евра.