Осумдесет решенија за легализација доделени во Ѓорче Петров

Осумдесет нови решенија за легализација на бесправно изградени објекти се доделени во општина Ѓорче Петров.

Решенијата ги додели градоначалникот Сокол Митровски, кој апелираше до граѓаните за поефикасно ажурирање на поднесените предмети за да може да ги легализираат нивните објекти.

Посебно се осврна на оние предмети, кои ги има стотици, а се нереализирани само затоа што никој не се јавува на писмените дописи од општината за уплаќање на законски одредената сума – едно евро за квадрат.