Осумдесетгодишник ја сподели тајната за неговиот младешки изглед

На популарната Фејсбук страница „Humans of New York“, фотографот Брендон Стантон секојдневно објавува животни приказни на луѓето кои ги фотографира, а сега успеа со објективот да овековечи човек, кој за само неколку часа стана инспирација за илјадници луѓе.

– Поинаков сум од другите. Никогаш не сум тажен. Животот си го правам среќен со помош на дисциплина. Не пијам, не пушам и јадам многу растителни влакна. Секој ден шетам по парк и размислувам за рамнотежата. Бев готвач, моден дизајнер, сликар, а сега се занимавам со боречки вештини. Секое утро во паркот тренирам Тај Чи. Така добивам енергија за сликање. Јас веќе научив 42 потези и сум пред сите. Имам 80 години, но сите жени во мојата група мислат дека сум во 50-тите, откри мажот кој ги шокираше сите со неговиот младешки изглед.

Веднаш се јавија и голем број читатели со свои искусва, а сите се согласуваат дека за долговечност и младешкиот изглед особено важен е токму позитивниот поглед на светот.

Објавениот пост за повеќе од десет часа го лајкувале над 800 илјади пати и има повеќе од 75 илјади споделувања.