Македонија

Осумдневен притвор за „џебџијата“ кој ограби маж пред аптека во Маџари

Осумдневен притвор за „џебџијата“ кој ограби маж пред аптека во Маџари

Педесет годишниот Х.С. е предаден во основното јавно обвинителство поради постоење основано сомневање дека сторил кривично дело џепна кражба за што од страна на Судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор во траење од осум дена.

Кражбата се случила на 11.јануари годинава кога пријавениот со намера да се стекне со противправна имотна корист на ул. „Маџари“ искористувајќи го невниманието на оштетениот при излегување од аптека, со протнување на рака во неговиот џеб од пантолоните успеал да му украде 7.000 денари.

Како што иформираат од МВР ова не е првпат пријавениот да вржи кражба. Против Х.С. во периодот од 2003  – 2014 година поднесени му се осум кривични пријави од кои четири кривични пријави за извршени седум кривични дела „кражби“ се поднесени од стана на СВР Скопје, додека пак останатите се поднесени од страна на СВР Гостивар, СВР Охрид и СВР Куманово за извршени кривични дела „тешки кражби“ и „кражби“.