Осуммина полицајци загинаа досега во борбите во Куманово

Бројаката на загинати припадници на безбедносните сили се искачи на осум, според неофицијални информации на ТВ „Сител“.

Акцијата за сузбивање и неутрализирање на терористите во Куманово се’ уште тече. Полицијата врши претрес во сите куќи во населбата Диво нассеље.

На Клиничкиот центар има целосна мобилизација на докторите. Повредените се хоспитализирани на Ургентен, како и во скопските болници „8 Септември“ и „Наум Охридски“. Неколку од повредените полицајци се во тешка здравствена состојба и се борат за живот.

Денеска и утре во Македонија се прогласени за ден на жалост.