„Осумка“ на ПСЖ, Кавани го достигна Ибрахимовиќ

Во последниот дуел на 21-то коло од француското фудбалско првенство, Пари Сен Жермен го декласираше Дижон со 8:0, а средата ја одбележаа четирикратниот стрелец Нејмар и Единсон Кавани кој го достигна Златан Ибрахимовиќ на листата најдобри стрелци во историјата на клубот.

Блескавиот бразилски напаѓач и сопственик на најголемиот фудбалски трансфер во историјата постигна еден гол во првото полувреме, во 42 минута, а уште три во второто, во 56, 73 и 84 минута од пенал, во една од неговите најдобри претстави откако минатото лето дојде на „Парот на принцовите“.

Меѓутоа изведбата на Нејмар падна во сенката на успехот кој го оствари Кавани. Уругвајскиот напаѓач постигна гол во 21 минута, а тоа беше неговиот 145-ти погодок во дресот на ПСЖ со што го достигна Ибрахимовиќ, досега водечкиот стрелец во историјата на ПСЖ. На третото место од оваа листа на стрелци е Португалецот Педро Паулета со 109 голови.

Голови во убедливата победа на ПСЖ постигнаа и Анхел ди МАрија во 4 и 15 минута, и Килијан М“бапе во 78 минута.

Победа оствари и Олимпик Лион кој на гостувањето го порази Гингамп со 2:0, пробивајќи се на второто место на табелата. Стрелци беа Набил Фекир во 25 и Хусем Ауар во 58 минута.

Последниот тим на табелата Мец со 3:0 го совлада Сен Етјен што е трета победа во последните четири кола, а притоа ја продолжи серијата без пораз на пет натпревари. Со новите три бода Мец се приближи на дополнителните квалификации на шест бодови заостанување, додека зоната за спас е на седум бодови.

Во другите натпревари Амиен и Монпелје одиграа 1:1, со ист резултат одиграа и Тулуз и Нант, Анжер и Троа 3:1, Рен на гости со 2:1 го совлада Лил.

На табелата води ПСЖ со 56 бодови, Лион на второто место има 45 бодови, Марсеј е трет со 44 бодови, а Монако на четвртата позиција има 43 бодови.