среда, 29 март 2017  |  Вести денес: 0

Осуммина повредени при експлозија близу касарна во Истанбул (ДПЛ)

Осум лица, од кои петмина војници, се полесно ранети денеска при експлозија во општината Санџактепе во азискиот дел од Истанбул, јави телевизијата Си-Ен-Ен Турк.

133167643

Последни вести

Според турските медими, експлодирал автомобил што бил паркиран на 300 метри од влезот на воена касарна, во време кога крај него минувал воен минибус.

Експлозијата се случила околу 17 часот по локално време (16 часот по средноевропско време), период кога завршува работното време на воените офицери и тие заминуваат кон своите домови.

– Од искршено стакло полесно се повредени осум лица, Тие се пренесени в болница, изјави градоначалникот на Санџактепе, Исмаил Ердем за Си-Ен-Ен Турк.

Реонот околку местото на експлозијата од каде се кревал густ црн чад, веднаш бил блокиран од припадници на полицијата.

Претходно, телевизијата НТВ јави дека при експлозијата биле повредени жена и четири мажи, како и дека меѓу жртвите нема војници.

Изминативе месеци во Турција се случија серија бомбашки напади за кои одговорност презедоа џихадистичката група Исламска држава или бунтовничката Курдска работничка партија.

Најчитани вести