Осуммина повредени во терористички напад во Ерусалим

Осум лица, од кои двајца потешко, се повредени во напад денеска утро во Ерусалим кога жител на градот од автомобил пукал кон минувачите од автомобил.

Шеесетгодишна жена, која случајно минувала, се бори за живот откако била застрелана неколкупати, а во критична состојба е и 30-годишен маж.

Во полициското соопштение се наведува дека нападот се случил недалеку од седиштето на полицијата во непосредна близина на раздвојувањето на источниот дел од Ерусалим, каде мнозинството се Палестинци и западниот со мнозинство еврејско население.

Напаѓачот е идентификуван како 39-годишен жител на источен Ерусалим. Полицијата го затворила подрачјето каде се случил нападот, а возовите се запрени.

Екстремистичката Хамас веднаш го пофали нападот нарекувајќи го „природен одгово на злочините на окупаторот“. Полицијата овој напад го оцени како терористички, а израелските медиуми јавуваат дека терористот е Арап.