Осуммина во Бугарија обвинети за поддршка на Исламската држава

Против осуммина бугарски државјани подигнато е обвинение поради поддршка на Исламска држава, пропагирање екстремистичка верска идеологија и поттикнување на војна, објави МИА.

Шестмина се приведени во полициски акции во Пазарџик, Пловидв и Асеновград, а за двајца се издадени налози за апсење и подигнато обвинение во отсуство.

Во ноември имам во Бугарија и уште шестмина беа осудени заради поддржување на ИД. Апсењата се дел од поширока истрага што почна лани во џамија во Пазарџик чиј имам исто така е обвинет за пропагирање радикална идеологија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.