Балкан

Осумнаесет лица починаа од токсичен алкохол во Истанбул

Осумнаесет лица починаа од токсичен алкохол во Истанбул

Осумнаесет лица починаа од токсичен алкохол во Истанбул, јави Анадолија.

Петнаесет лица се уште се на интезивните одделенија во неколку болници во градот, соопштија медицински претставници.

Вкупно 89 лица се хоспитализирани од 18. октомври досега во Истанбул, откако конзумирале ракија, во која имало метил алкохол, пренесува МИА.

Полицијата приведе околу 20 лица, осомничени за производство на токсичен алкохол во сиромашните квартови на европскиот дел на Истанбул. Обвиненија се покренати против 14 од нив и тие се притворени.