Балкан

Осумнаесет лица под надзор поради ебола во Хрватска

Осумнаесет лица под надзор поради ебола во Хрватска

Осумнаесет лица, кои во Хрватска допатувале од Африка, се под засилен здравствен надзор поради превенција од ебола, соопштува Министерството за здравство

Ниедно лице кое е под надзор, нема симптоми за болеста, изјави портпаролот на министерството Јосип Јагиќ, кој не прецизираше за тоа за каков облик на здравствен надзор станува збор.

Министерството минатата недела објави дека ризикот од зараза со вирусот на ебола во Хрватска е низок и дека во Хрватска досега не е регистриран ниеден случај за зараза од болеста.

Но, засилениот надзор е во склад со препораките на Светската здравствена организација и Европската комисија уште од втората половина на април поради избивање на ебола во Сиера Леоне, Либерија, Малта, Гвинеја и Нигерија.